Она што во минатото беше бугарската јасновитка баба Ванѓа тоа денеска е Марина која живее во село близу Лесковац во Србија. Пред нејзината куќа во селото Мијајлица секојдневно има паркирани автомобили а многумина и спијат пред домот. Марина има околку 40 години и поставува дијагнозни подобро и од лекар.
Луѓето стојат трпеливо потпирајќи се на своите автомобили и чекаат дури и да се приближат до куќата на Марина, од каде започнува овој необичен аџилак.
– Стотици, понекогаш илјадници луѓе кампуваат во шатори секој ден пред куќата на Марина. Услов Марина да ги прими е тие да спијат една ноќ пред нејзината куќа, а многу од нив спијат три или четири ноќи. Утрото, еден од нејзините домаќини излегува и им даваат броеви на луѓето, како во банка. Потоа, според редоследот на броевите, влегуваат во куќата на Марина на сеанса. Таму ги прима во просторија полна со икони – за српските медиуми раскажуваат мештаните на Мијајлица, кои самите веруваат дека нивната комшика има исцелувачка моќ.
Штом ќе го види човекот, Марина веднаш му кажува што му фали. Непогрешливо ја погодува дијагнозата. Потоа им припишува терапија. Нема никој што не ја откри својата болка и не ја излечи со нејзината биоенергија. И за возврат, таа не бара ништо, нема тарифа, туку кој колку ќе даде.
-Луѓето од целиот Балкан доаѓаат кај неа. Бугарите ја сметаат за нова Ванѓа, а луѓето доаѓаат и од Македонија, Црна Гора, Босна, од цела Србија … Таа ги третира и оние што не доаѓаат лично, доволно е да испратите слика преку некој. Колку што знаеме, таа дозна за нејзината дарба пред 15 години и оттогаш е во овој бизнис – уверуваат соседите на Марина.
Еде Бугарин кој трпеливо чекајќи во Мијајлица за Марина да го прегледа, изјавил дека тој веќе е убеден во нејзината дарба.
– Оваа жена не е волшебничка, туку вистински исцелител. Кога ќе дојдете кај неа, тоа е како да дојдовте кај психолог. Ослободете се од стравот, да ви даде надеж. Познавам жени кои беа неплодни, а по сеансата родија две деца.
Таа крена на нозе многумина веќе отпишани луѓе. Марина е скромна жена и не сака многу да се знае за неа – раскажала една од многуте бугарски државјани кои секој ден доаѓаат во Мијајлица.