Продуцентката на Радио Слободна Европа (РСЕ) Вира Хириќ загина откако руска ракета ја погоди куќата во која живееше во Киев, јави РСЕ. Гранатирањето се случи на 28 април, а телото на Вира Хиричќ беше пронајдено под урнатините утрово.
Вира Хириќ започна со работа во канцеларијата на РСЕ во Киев на 1 февруари 2018 година. Пред тоа, таа работеше на водечките украински ТВ канали, објави РСЕ.
Според градските власти, уште четири лица се во болница поради повреди здобиени при гранатирањето.
Ројтерс објави дека руските сили истрелале две ракети врз Киев на 28 април, за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.