Во “Икеа“ стариот мебел “злато“ вреди (ФОТО)

by Тони Зографски

Иако шведската компанија “Икеа“ е позната по ниските цени на својот асортиман, некои предмети со текот на времето добиваат култен статус, па денес вредат многу повеќе отколку кога биле нови.

Особено голема е побарувачката за столчиња, така, на пример, столчето „вилберт“, кое во 90-тите години вредеше 70-ина евра, денес се продава за 1.000 евра. Најрадикалниот пример е столчето „оке“ на дизајнерот Филип Арктанер од 1944 година, кое, ако е сочувано, сега може да чини 57.000 евра.

Меѓу предметите што постигнуваат висока цена се садовите „нејлик“, кои се продаваат за 1.200 евра и софата „момент“ од 1985 година, чија цена изнесува 2.700 евра.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com