Министерството за здравство информираше дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 147 нови случаи на ковид-19, пет лица ја загубиле битката со вирусот, додека како оздравени се водат 238 пациенти.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.
Регистрирани сe 238 оздравени пациенти од Скопје – 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6, Гостивар – 5, Куманово и Неготино – по 4, Тетово – 3, Штип и Струга – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78) и Тетово (80). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77), Битола (73) и Прилеп (65). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022.