Семејството Ѓоковиќ одржа прес конференција на која ги обвини австралиските власти за нехуманиот однос кон Новак Ѓоковиќ.
Особено Срѓан Ѓоковиќ многу емотивно проговори за ситуацијата во која се наоѓа неговиот син во Австралија.
„Тој е заробен. Новак е Србија и Србија е Новак, тие го газат Новак, па ја газат Србија и српскиот народ. Тој прв човек на Австралија, Скот Морисон, се осмели да го нападне Новак и да го избрка, без Новак воопшто да влезе во нивната земја. Сакаа да го клекнат на колена и не само него туку и нашата Србија. Ние сме горд, цивилизиран народ, секогаш сме се бранеле, никогаш не сме напаѓале. Тоа сега го прави нашиот Новак, гордоста и радоста на слободарскиот свет. Тој покажува од која земја доаѓа. Ова нема врска со спорт, ова е политичка борба. Ги исполни сите услови да влезе и да освои уште еден Австралија опен. И би го освоил ако му дозволат“, изјави таткото на светскиот рекет број 1 на прес-конференција.
Тој не застана тука во своето излегување пред јавноста.
„Исус беше распнат и му направија се, но тој е жив меѓу нас. И Новак сакаат да биде распнат и фрлен на колена. Го држат во затвор, му ги земаа работите, му оставија само мобилен телефон. Нема што да пресоблече, нема каде да се измие. Тој е во заробеништво од тие скотови“, револтирано изјави Срѓан Ѓоковиќ.