Само една недела откако Семи Шин, ќерката на Чарли Шин и Дениз Ричардс, стана дел од платформата „OnlyFans“, тоа го направила и нејзината мајка.
Меѓутоа, сега објавија дека заедно ќе се фотографираат.
Семи Шин и Дениз Ричардс на својот Инстаграм профил објавиле дека наскоро заедно ќе подготвуваат објави за апликацијата „OnlyFans“.
Голем број фанови веднаш реагирале, а најголем дел од коментарите, кои повеќето биле негативни – биле насочени кон Дениз Ричардс.
„Како мајка на две ќерки сметам дека ова е многу вознемирувачки. Ги сакам моите девојки, но ова е толку одвратно“, бил еден од коментарите упатен до Ричардс.
Од друга страна, нејзината ќерка, која ја добила во врска со актерот Чарли Шин, на Инстаграм ја следат 111.000 корисници.
Очигледно е дека 51-годишната актерка не обрнува премногу внимание на негативните коментари на социјалните мрежи, па на OnlyFans споделила дека многу се радува на новото искуство.