Во живо откри тело на исчезнато девојче: новинар ненамерно нагази врз жртвата додека известуваше од реката (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бразилскиот новинар Ленилдо Фразао доживеа шокантен момент додека известуваше во живо за исчезнатата 13-годишна Раиса од реката Меарим. Додека стоеше до половина во вода и ја објаснуваше ситуацијата, одеднаш почувствувал нешто под себе и извикал дека можеби допрел рака. Камерата го снимила моментот кога вознемирено се повлекува и ги предупредува колегите.

По неговата реакција, нуркачи ја продолжиле потрагата и токму на тоа место го пронашле телото на девојчето, кое исчезнало претходно додека се капело со пријатели. Обдукцијата потврдила дека станува збор за давење без траги од насилство. Девојчето било погребано истиот ден.

ВИДЕО

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com