Никол Кидман го донесе стариот холивудски гламур на црвениот тепих додека присуствуваше на премиерата на биографската драма Being The Ricardos („Да се биде Рикардос“) во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.
Актерката (54) изгледа етерично во лелеава тоалета на „Армани Прајв“ додека му се придружува на сопругот од филмот Хавиер Бардем на промоцијата на филмот.
Филмот е базиран на вистинита приказна, а дејствието се фокусира на Лусил Бол (Кидман) и нејзиниот прв сопруг Деси Арназ (Бардем), автори на ситкомот „Ја сакам Луси“, додека се соочуваат со криза која се заканува да стави крај на нивните кариери, и друга криза што може да стави крај на нивниот брак.