Инфектологот и професор на Медицинскиот факултет во Атина, доктор Никос Сипсос истакна дека оваа година на летовање во Грција ќе може да се оди, но под строги услови кои државата треба да ги донесе во престојниот период.
Според неговите зборови, Грција оваа години ќе пречека туристи, но за некаков сѝ масовен туризам нема да стане ни збор.
-Тоа ќе биде лимитиран туризам и доста поразличен од оној што го знаеме – изјавил Никос за ТВ Скаи.
Зборувајќи за попуштање на мерките кој во Грција се очекуваат по 27 април, кога туризмот е во прашање, тој истакнал дека на таа тема ќе се зборува дури во мај, под услов, во земјата да се намали бројот на заразени.
-Ако се случи враќање на коронавирусот состојбата ќе биде катастрофална како за здравјето на луѓето така и за економијата – заклучи Никос Сипсос.