Порталот што промовира култура и туризам во Европа, “European Best Destinations“ (Европски најдобри дестинации), пишува дека Грција е една од најмалку погодените земји со короавирусот во Европа. Истовремено туристичкиот портал објави две места во Грција кои се најбезбедни за посета ова лето.
Првата дестинација е островот Крф, опишан како рајски остров во Грција кој е совршено место за полнење на вашите батерии после стресниот период.
– Крф е место каде што сакате да бидете ако сакате да комбинирате релаксација, сонце и природа – пишуваат тие.
На второ место како најбезбедна точка на Грција е Превеза.
– Превеза е одличен избор за совршен семеен одмор на една од најбезбедните дестинации во Европа. Превозот е дефинитивно безбедна дестинација. Опкружен е со 3 болници и е оддалечен само 10 минути од аеродромот.