Персоналот од Одделението за интензивната нега на болницата “8 Септември” утрово протестира пред канцеларијата на директорот Христијан Костов – објави 360степени.мк
Причината е напад врз персоналот од роднини на починат пациент. Инцидентот се случил синоќа, интервенирала и полицијата.
-Не знаевме од која страна ќе не удрат, можеа пиштол да ни извадат. Џабе ми е изјава, џабе ми е се, коментира дел од персоналот и бара сериозна безбедносна заштита.
Во моментов тече состанокот на претставници на Синдикатот со директорот.