Пронајдено е телото на 16-годишното момче од Ресен кое попладнето на Илинден исчезна во водите на Преспанското Езеро. Телото, по два дена трагање, нуркачите го пронашле кај населбата Претор во близина на местото на коешто исчезна.
„ Околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, велат од МВР.
Инаку, трагедијата се случила кога момчето со свои другари користеле педалинка чиј сопсвеник тврдеше дека е исправна и не се превртила, туку момчињата скокале од неа.
Како што претходно информира полицијата, потрагата се вршела со осум нуркачи од нуркачки тимови на Единицата за специјални задачи.