Утринава Битола беше најстуден град во Македонија со температура што се спушти до минус 21 степен. Во Берово се измерени -17 , -15 во Струмица, -14 во Прилеп и Демир Капија, -12 во Лазарополе и Крушево, -11 во Маврово, -10 во Штип и Крива Паланка, – 9, во Скопје – 8…
Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.