Српскиот репрезентативец во ММА, Стефан Савиќ е убиен во ноќта меѓу саботата и неделата на улицата Дунавска кога непознато лице со остар предмет го прободело во градите, дознава Телеграф.рс.
Друго момче С.М., се здобило со убодни рани во градниот кош и левата надколеница. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар, но Савиќ им подлегнал на повредите.
Како што дознава Телеграф, околу еден часот Брзата помош во Ургентниот центар донела две лица, во 2001 и 1992 година, кои се здобиле со убодни рани на улицата Дунавска. Тие биле нападнати од две непознати лица, едното ги повредило и двајцата.
„Стефан Савиќ, српскиот репрезентативец и бронзен медал на Светското првенство во ММА, трагично почина во недела на 25 февруари во утринските часови. Арена фајт упатува искрено сочувство до семејството, пријателите и сите луѓе кои го сакаа Стефан. Sекогаш ќе остане запаметен, не само како шампион, туку како некој кој допрел срца со својата добрина и оставил неизбришлива трага“, велат од Арена Спорт.
Савиќ беше репрезентативец на Србија и освојувач на бронзен медал на Светското првенство во ММА.