Јавната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, која го води обвинението за аферата „Маѓар телеком“, на вчерашното судење го објави тајниот документ врз кој се базира обвинението за земање мито од 7 и пол милиони евра од страна на македонски функционери во аферата ,,Маџар Телеком“- која првпат беше обелоденета во декември 2008 година, а врз основа на сведочењето на Слободан Богоевски.
Според овој документ, поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот министер од редовите на ДУИ, Муса Џафери наводно зеле 7,5 милиони евра за да го одложат воведувањето на трет мобилен оператор во Македонија.
Главен сведок на ова рочиште беше поранешниот министер за транспорт и врски, Џемали Мехази, но тој, иако го потпишал протоколот во име на Владата за соработка со ,,Маџар Телеком,“, не се сеќаваше на ништо.
Поранешниот премиер Владо Бучковски предметот на СЈО вчера го начено „удбашко сталинистичка манипулација од кујната на поранешниот разузнавач“, Богоески.
Во изјава за „Независен“ вели дека СЈО го злоупотребува случајот за да ги подобри шансите за неговиот финален статус што сега се решава.