Во близина на тркалото на авионот кој летал од Техеран кон аеродромот во Франкфурт е пронајдено тело, соопшти германската полиција.
Германскиот весник „Билд“ објави дека авионот „Ербас“, на германската компанија „Луфтханза“, полетал од Техеран во четвртокот рано наутро.
Полицијата соопшти дека телото било пронајдено кога се вршеле безбедносни проверки, пренесува Дојче веле. Германската локална телевизија Хесеншау објави дека работата траела четири часа пред да биде пронајдено телото.
Полицијата не го потврди потеклото на телото, ниту пак соопшти детали за идентитетот на лицето. Германската новинска агенција ДПА објави дека откажаниот лет од Техеран бил закажан за утрово.
Германија има голема популација на Иранци, од кои илјадници излегоа на улиците на Берлин во саботата во знак на солидарност со антивладините протести во Иран. Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги објави плановите за воведување ограничувања за влез на ирански државјани како казнена мерка против Техеран.