Во авионска несреќа што се случи во Германија, загина една од најбогатите Русинки Наталија Филева. Таа патувала со приватен авион со шест седишта, но пред да слета на еден мал аеродром во близина на Франкфурт, авионот се урнал.
Богатството на Филева се проценува на над 600 милиони евра.Таа е косопственик на сибирска авио компанија “С7 Груп“ .Со неа патувало уште едно лице.
Инаку, германските медиуми пишуваат дека се случила уште една сообраќајна несреќа во која загинале уште две, а тешко се повредени три лица. Имено, полициско возило кое се движело со ротациски светла кон местото на падот на авионот се судрило со друго возило.
https://twitter.com/i/status/1112425811553017864