Минатата недела малото италијанско село Нерола ненадејно било прогласено за „црвена зона“ откако биле потврдени десетина случаи на коронавирус. Селото веднаш било затворено од војската.
„Само дојдоа и ни рекоа дека никој не смее да влезе, ниту да излезе. Ова е мала заедница, а на почетокот не ни мислевме дека некој ќе се зарази со коронавирус“, раскажуваат жителите за тамошните медиуми.
Селото Нерола се наоѓа на брдо во близина на Рим. Минатиот викенд таму биле потврдени 77. случаи на коронавирус. Поради тоа 1,900 лица завршиле во целосен карантин. Од изолираното село сега никој не може да излезе ниту по храна и лекови, а се’ мора да им биде доставено во строга процедура. Ова предизвика логолем стрес кај локалното население. Тие се распрашувале дали сите се болни, а властите накратко им соопштиле дека ова е „жртва која мора да ја поднесат поради безбедноста на другите“.
Здравствените работници за „БиБиСи“ се увериле дека селото е претворено во “човечка лабораторија“ и им било објаснето дека ваквиот облик на карантин за целото село бил потребен затоа што бројот на заразени во однос на вкупната популација бил невообичаено висок.
Во селото веднаш пристигнале екипи за да спроведат тестирање на сите жители, со цел да се утврди дали има повеќе позитивни на вирусот. Но, целта била и да се открие како вирусот се шири.
Нерола е идеален „полигон“ за тоа, затоа што во така мало подрачје има голем број на заразени, а тоа на научниците би можело да им открие на каков начин Ковид-19 кружи низ популацијата.