Идилата на 60-тина жители на холандското село Киндердајк, на 15 километре одалечено од Ротердам, ја наруши одлуката на Унеско донесена во 1997 година, да биде прогласено за универзалнo културно наследство. По оваа одлука за само неколку години низ селото поминале над 600.000 туристи, најмногу од Далечниот исток, кои воопшто не воделе сметка за приватноста на луѓето кои живеат во ветерниците.
“ Ние не сме Дизниленд, ни музеј на отворено, туку село во кое живеат луѓе“, е слоганот преку кој се побунија мештаните и започнаа така наречена “Војна на ветерниците против туристите“, Едноставно, селаните од Киндердајк не можат повеќе да ги трпат туристите кои 24 часа ги фотографираат, снимаат, дури употребуваат и дронови. Кога ќе си заминат тие оставаат тони ѓубре зад себе.
Селото нема никаква корист од туристите бидејќи тие во брзањето да направат селфи воопшто не купуваат сувенири, или да испијат чаша вино или кафе, а за ручек не станува ни збор.
Единствена утеха за селаните на ова холандско село е што се апсолутни светски рекордери, со бројката од 10.000 туристи по глава на жител.