Кога станува збор за кралското семејство навикнати сме да ги гледаме во скапи и елегантни тоалети. Малкумина ги имаат видено членовите на британската монархија во костими за капење.
Сепак, папараците успееја да ја “уловат“ војвотката од Корнвол, Камила Паркер во костим за капење на плажа.
Таа се нааѓа на четвородневна турнеја во Барбадос на која е заедно со принцот Чарлс. Камила направи одмор од обврските, па во едноделен плав костим одлучи да се разлади во водите на Карипското море.