Кејт Мидлтон и официјално е новиот кралски покровител на Рагби лигата и клубот „Rugby Football Union“ – претходно тоа беше принцот Хари.
Војвотката од Кембриџ добила покровителство од кралицата откако принцот Хари претходно ја имаше таа улога.
Ова е прва прераспределба на поранешните обврски на принцот Хари на друг член на кралското семејство, откако војводата и војвотката од Сасекс се повлекоа и се откажаа од учеството во голем број организации во Велика Британија.
Во средата, Кејт го посетила стадионот „Twickenham“ за да се сретне со англиските играчи од машкиот и женскиот тим додека се подготвуваат за Шампионатот на шест нации. Таа, исто така, се придружила на теренот за тренинзи предводен од селекторот на Англија, Еди Џонс, а потоа и заиграла.
Инаку, принцот Хари е голем љубител на рагбито и покровителството на лигата го наследил од кралицата Елизабета втора, а очајно сакал да продолжи да биде покровител и по заминувањето од кралството, но тоа не било можно.