Познатата холивудска глумица Џејми Ли Кертис ја пофали “Медена земја“.
Џејми Ли која е ќерка на филмската легенда Тони Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер за „Медена земја“ напиша:
„Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум.“
Претходно воодушевување од македонскиот документарен филм, кандидат за Оскар во две кетагории, изрази и актерка Сара Џесика Паркер. Таа на својот Инстаграм профил напиша:
“Медена земја“ е неверојатна, визиуелна зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова, жена која нема никогаш да ја заборавам“.