Мештаните на Мркни Град во неверување раскажуваат за тоа каква страшна смрт му се случила на нивниот сосед, Васо Вуковиќ.
Според информациите, тој починал од премрзнување во шума во близизна на селото Црквено, но неговото тело е случајно пронајдено на 10-ти јануари, распарчено на неколку делови. Според тоа како изгледало телото, тоа го направиле волци.
„Најверојатно тргнал за дома, бил пијан и изморен па седнал во шумата да се одмори. Од студ и алхолол, веројатно заспал и така замрзнал. Волци и други животни го намирисале и го растргнале“, раскажува извор од ова село.
Според неговите зборови, околу телото се најдени доста траги на диви животни, а на телото имало повеќе каснувања.