Популарниот романски пејач, Тави Пустиу (29), загина во тешка сообраќајна несреќа кога воз удрил во неговиот автомобил додека тој преминувал преку пруга. Во автомобилот со Тави била и неговата сопруга. Таа преживеала, но се бори за животот, пренесуваат регионалните медиуми. Пејачот цело време додека возел се снимал, па го снимил и моментот на судирот.
На снимката се гледа како пејачот ужива во гласната музика, додека автомобилот се приближува на шините во градот Плоешти. Се гледа како жената која седела до него, како гледа од страните дали доаѓа возот, но момент на невнимание предизвика страшна трагедија.
Во видеото дури се слуша врескањето на Таби, но било предоцна за реакција.
– По сударот на возило и воз, 29-годишниот маж е прогласен за мртов, додека 24-годишната жена, која го возела автомобилот е хоспитализирана. До несреќата дошло поради непочитување на правилата за поминување на железнички премин – било соопштено од полиција.
– Еден ден, погрешен воз ќе те однесе до вистинската дестинација – напишал романскиот поп-пејач еден месец пред трагедијата…