ВОЗОТ ЗАСТАНА ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ: Намерно турна жена во метро во Брисел (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Шокантни сцени биле забележани во бриселското метро, ​​каде млад човек намерно турнал жена на шините додека возот влегувал во станицата, но за среќа машиновозачот во последната секунда успеал да го запре возот.

Тој ја турнал жената на шините додека возот влегувал во станицата, но набрзина ѝ помогнале случајни минувачи, потврдија од бриселската компанија за јавен превоз СТИБ, која управува со метрото.

„Возачот реагираше многу бргу, но е во шок, како и жртвата“, изјави за Brussels Times Гај Саблон, портпарол на STIB.

На снимката од видео надзорот се гледа како сторителот, млад човек, оди напред-назад по платформата, а потоа ја турка жената одзади кон шините.

Други луѓе кои стоеја на платформата и помогнаа на жената да се симне од шините и да се врати на платформата.

На местото на настанот веднаш била повикана полиција и брза помош. Жената и возачот на метрото се пренесени во болница, а откако им била укажана потребната нега, пуштени се дома.

Насилникот побегнал веднаш откако ја оттурнал жената, но во меѓувреме е уапсен, потврди во саботата наутро Јавното обвинителство на Брисел.

Осомничениот бил сослушан од истражен судија и приведен за убиство во обид.

Истражниот судија назначил психијатриско вештачење да ја провери неговата состојба.

Во меѓувреме, истрагата за инцидентот сѐ уште е во тек за да се утврдат точните околности на настанот и мотивот на осомничените.

https://twitter.com/i/status/1482106862204076038

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com