Се појави видео од убиството на Агустин Каза, 44-годишен Албанец во Белгија. Според медиумите, тој бил убиен поради крвна одмазда.
Белгиските медиуми објавија снимка од атентатот на 44-годишниот Агустин Каза кој беше погоден со два куршуми во главата. По атентатот, убиецот брзо го напуштил местото на настанот, додека се уште нема детали за неговиот идентитет.