Глумицата Ванеса Меркез убиена е во 2018 година во нејзиниот дом од страна на полицијата. Ја застрелал еден од полицајците за време на проверката во куќата во Калифорнија во којашто живеела, пишува 6ABC.
Две години подоцна исплива застрашувачка снимка од моментот кога полицијата пука во глумицата.
Полицијата и Брзата помош се одзвале на повикот на сопственикот на куќата во која живеела Маркез, бидејќи наводно ѝ била потребна лекарска помош.
На снимката која сега исплива во јавност јасно се гледа моментот кога таа вади вештачки пиштол и вика:
„Убијте ме, убијте ме!“
Снимката од камерата што ја носел еден од полцајците покажува дека кога влегле во нејзината спална соба ја пронашле како лежи на креветот затрупана со предмети.
Се слуша гласот на полицаецот или докторот кој зборува:
„Ванеса, сите се загрижена за тебе и за твојата безбедност, нè повикаа да провериме како си.“
Таа одговорила дека има напади, но не сакала со нив да отиде во болница, викала дека не сака да оди и ги зграпчила ножиците, а потоа го извлекла пиштолот.
Полицаецот почнал да вика:„Чекај, чекај, таа има пиштол! Пиштол!“
Додека тие ја молеле да го спушти пиштолот, Маркез им велела да ја убијат.
Полицаец кон неа испукал 8 куршуми, од кои два ја погодиле. Починала во болница. Подоцна се испоставило дека пиштолот што го држела Ванеса бил лажен.
Нејзиното семејство го тужи градот Јужен Пасаден, кој го смета за одговорен за нејзината смрт, пренедува АБЦ.
Маркенз имала 49 години, а глумела во серијата „Итна помош“.