Италијанецот Лука Ф. тврди дека неговата сестра починала во саботата и дека уредно ги известил властите, но и по повеќе од 24 часа никој не се појавил. Видео-снимката се споделува со молскавична брзина по интернет во која Лука, државјанин на Италија, моли за некој да му помогне затоа што е заробен во стан со својата сестра, која почина пред 24 часа од коронавирусот.
Лука го снимил тоа во живо на Фејсбук каде се гледа како стои покрај креветот каде што лежи неговата мртва сестра, кој имала 47 години.
– Живееме во близина на Неапол, затворени сме во една куќа, Тереза почина вчера, зборува Лука во видеото што го споделили на социјалните мрежи.
Младиот човек вели дека не смее да ја напушти куќата затоа што се плаши дека и самиот се заразил со смртоносниот вирус додека и давал вештачко дишење на сестрата за да ја оживее. Тој вели дека контактирал со властите, но никој сè уште не преземал ништо.
– Чекам некој да се појави од минатата ноќ. Никој не доаѓа. Сестрата е во кревет, мртва. Не знам што да правам, додава Лука.
Тој денес се појави со нова снимка велејќи дека надлежните од мртовечницата дошле и потврдено е дека неговата сестра Тереза починала од коронавирусот. И тој бил тестиран и сега ги чека резултатите.
Властите потврдија дека го презеле телото на починатата Тереза и точно е дека таа починала од коронавирусот.