Раперот Даниел Хернандез, попознат како Tekashi 6iks9ine, бил брутално претепан од група мажи додека бил во теретана на Флорида.
На видеото кое се појави на Твитер, може да се види група мажи како стојат над него и го удираат додека тој се наведнува на подот од тоалетот во теретаната.
На видеото се слушаат и непознатите мажи како му викаат на раперот да замолчи додека тие продолжуваат да го тепаат.
Адвокатот на Текаши, Ленс Лазаро, изјави за TMZ дека тој ја користел сауната во објектот кога мажите му пришле и почнале да го тепаат.
6ix9ine got jumped in LA Fitness bathroom, he was rushed to the hospital | #ONLYinDADE pic.twitter.com/PjxHAXD6Ft
— ONLY in DADE (@ONLYinDADE) March 22, 2023
Адвокатот додаде дека раперот немал обезбедување со себе во моментот на нападот.
Вработените во теретаната повикале полиција и брза помош, која го пренела раперот во блиската болница.
Тој се здобил со повреди на вилицата, ребрата и грбот, а по телото има бројни расекотини и модринки.
26-годишниот рапер претходно се изјасни за виновен за рекетирање и други обвиненија и се соочи со една деценија зад решетки пред да се согласи да соработува со владата и да сведочи против членовите на бандата Nine Three Gangsta Bloods.