Безбедносни камери ги снимиле првите секунди од несреќата на украинскиот „Боинг 737-800“ во близина на Техеран, покажувајќи како на местото паѓаат безброј запалени остатоци..Камерата во близина на местото на несреќата покажува блесоци светлина, а по извесно време огромна експлозија ја тресе околината, при што од небото паѓаат запалени остатоци. Потоа се гледа како остатоците бавно согоруваат.
Инаку, Боингот 737 полетал за Киев од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во иранската престолнина кога се запалил еден од моторите. Загинаа вкупно 176 лица, сите што беа во авионот.
Локалните власти веруваат дека се работи затехничко прашање, евентуално откажување на моторот.
#Breaking First footage of the Ukrainian airplane while on fire falling near #Tehran pic.twitter.com/kGxnBb7f1q
— Ali Hashem علي هاشم (@alihashem_tv) January 8, 2020