За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.
Порталот Centar.mk го објави прекршочните налози на МВР. Премиерот Заев, вице-премиерот Николовски и министерот Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.
Инаку, по објавување на видео на кое се гледа дека премиерот Заев не носи заштитна кацига додека управува со мотор постапката на МВР е согласно своите надлежности.