Британската полиција објави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на теренец напаѓа полицаец на мотор. Како што се гледа на видеото, возачот на Mitsubishi Outlander тргнал во рикверц и со полн гас го упатил полицаецот на мотоцикл и избегал. Од силината на ударот полицаецот се здобил со бројни повреди. При ударот ги повредил нозете, рамената и грбот и бил хоспитализиран.
По возачот Џозеф Вард била распишана потерница и тој бил пронајден дваесет дена подоцна. Утврдено е дека и претходно се барал за лажно претставување пред полицаец, како и за изнуда на пари од возач, а исто така било утврдено дека во други два наврати направил сообраќајна незгода и оштетил два полициски автомобили.
По исказот на повредениот полицаец Тони Мекговерн биле поднесени вкупно 14 пријави. Како што изјавил Мекговерн, го забележал сомнителното однесување на возачот на Mitsubishi додека бил во патрола и му пришол по застанувањето. Го прашал што прави и каде оди и му наредил да го изгаси моторот на возилото. Ворд наместо тоа продолжил напред, тргнал во рикверц и удрил во полицаецот, соборувајќи го од моторциклот.
И покрај сериозните обвиненија, Вард поминал со полесна казна, коментираат локалните медиуми, повикувајќи се на практиката на британските закони. Тој е осуден на четири години затвор.