Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се уште води битка со леукемијата. Откако пред неколку недели заврши уште еден процес на терапија, Михајловиќ одлучи да ужива со семејството па така настана една опуштена фотографија на која Миха е без наговото “капче“.
Фотографијата ја објави неговата споруга Ариана, а на истата се гледа како легендарниот фудбалер ужива во опуштен амбиент со семејството, односно со петте деца. Подоцна истата фотографија ја сподели и неговиот син Мирослав.
Инаку, на Синиша Михајловиќ минатото лето му беше дијагностицирана леукемија па веднаш почна со хемотерапија.