Британската водителка со шведско потекло Улрика Џонсон, неодамна открила дека сега на нејзините 53 години сака секс повеќе отколку кога и дае претходно и дека планира во новата книга да напише што е можно повеќе еротски сцени. Таа нспирацијата за продолжението на својот прв роман „The Importance Of Being Myrtle“, ја пронашла во своето либидо.
Имено, 53-годишната Улрика е во приближни години на својата хероина Мартл, па решила повторно да напише продолжение кое што ќе изобилува со еротски сцени.
Славната русокоса решила новиот роман да биде „посочен“, со повеќе детали затоа што тоа пропуштила да го направи во првиот дел поради чувствителните факти дека сопругот на нејзината хероина одненадеш умира.
„Кога го пишував романот, расправавме само дали во него се вклучени сцени со секс. На крајот одлучив дека нема да го правам тоа. Постојат две основни причини зошто не го направив тоа. Како прво, сметав дека на жена од 56 години сексуалниот живот не ѝ е баш важен. Но, сега кога сум близу до тие години, открив дека сексот ми е поважен од претходно. Моја грешка. Второ и секако поважно, да се пишува за сексот е комплицирано. Тоа може да биде непријатно, застрашувачки, погрешно поставено или пак во друг случај може да биде покомплицирано“, заклучила водителката.
Инаку, ова не е првпат Џонсон да зборува, па дури и индиректно за својот приватен живот.
Таа пред еден месец признала дека по 11 години брак со претприемачот Брајан Моне, воопшто немала секс, а љубовта и односите ги бара на Тиндер.
Урлика, на која шо најголема слава ѝ донесе победата во „ВИП Големиот брат“, во 2009 година, открила дека поставила и старосна граница на таа апликација за своите потенцијални партнери од 26 до 50 години.
Таа акцентирала дека тоа е идеално место да пронајде некој „за задоволување на своите сексуални потреби“, а додала дека ги зема предвид и помладите од 26 години.