Кристина Раденковиќ, водителка на „Сложувалка“ и „Стигни ме ако знаеш“, во вторникот итно е примена на Институтот за ортопедија во Бањица. Водителката беше примена поради скршеници на двете раце.
Како што неофицијално дознава „Курир.рс“, водителката со семејството била на зимски одмор во Италија, а повредите се случиле при рекреативно скијање.
Судејќи по објавите на Инстаграм, водителката била на зимување со семејството, каде и ја доживеала несреќата. Познато е дека Кристина ги сака зимата и зимските спортови и дека ужива во скијањето.
„Повторувам, три летувања за едно зимување“, напишала Раденковиќ.