Водителката Александра Илиевска заедно со готвачите четири години по ред успева да го задржи вниманието со кулинарската емисија „Брза кујна“ Така беше оваа сезона кога заврши четврта сезона на кулинарското шоу.
В Александра преку својот „Фесјбук“ се прости од ТВ екраните најавувајќи го крајот на оваа сезона потенцирајќи дека вложиле многу труд.
„Почитувани гледачи и љубители на убава храна, 4та сезона на лиценцираното кулинарско шоу на Сител телевизија, “Брза кујна” денес заврши. Се гледаме со нова 5та сезона од септември, во ист термин 17 часот. Благодарност до целиот тим на Сител Телевизија за одлично завршената работа. Вложивме многу напор, а во таков ритам ќе продолжиме. Убаво лето!“, напиша водителката на „Фејсбук“.