ВОДИТЕЛКАТА ДОБИ ДЕТЕ НА 68 ГОДИНИ: Синот ѝ почина од рак, а таа едвај ја преживеа болката (ФОТО)

by Тони Зографски

Шпанската актерка и водителка Ана Обрегон стана мајка на 69 години. Таа ја доби ќерката Ана преку сурогат мајка, пренесуваат шпанските медиуми, кои објавија и фотографии од пресреќната мајка.

Ана кон средината на март заминала за Мајами, каде што се породила сурогат мајката, а девојчето се родило во понеделник на 20 март, два дена по 68-от роденден на нејзината мајка! Водителката дури била фотографирана како излегува од породилиштето со бебе во рацете; новороденчето било завиткано во розово ќебе и носела хеклана капа одозгора.

Image

Интересно е што Гарсија на девојчето и го дала името по себе, па сега и двете се викаат Ана!

Шпанските медиуми пишуваат дека детето го родила тинејџерка која забременила во јуни 2022 година, месецот кога Алекс би наполнил 30 години. Да потсетиме, сурогат мајчинството е легално во САД, како за парови, така и за само еден родител.

Инаку, Ана основала фондација која го носи името на нејзиниот син Алекс, чија цел е да собере средства за понатамошно истражување на ракот и лекови за оваа болест.

На овие простори шпанската актерка е позната како девојка на легендарниот хрватски фудбалер Давор Шукер. Тие беа во врска кога Шукер настапуваше за Реал Мадрид и беше во врвот на славата.

Водителката во 2020 година го загуби синот Алекс, кој починал на 27-годишна возраст од рак.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com