Американската глумица Сузана Сомерс (73) докажа дека годините се само бројка. Иако има шест внуци, Сузана со своето младешки изглед и совршено тело изгледа одлично.
Во интервју за “Hollywood life” Сузана открива дека храната и сексуалниот живот се најважи за зачувавање на убавината.
-Јадам само органска храна. Путер, маслиново масло, полномасно сирење, органски протеини. Никогаш не сум на диета. Денот го започнувам со спанаќ, кала, џумбир и смути од јаболка. Во текот на денот јадам три полни чинии зеленчук. Често јадам јајца и тост направен од житарици од цели зрна, а потоа додавам путер и морска сол. За вечерам најмногу консумирам јагнешко, салата и сладок компир – вели Сузана која смета дека добриот сексуален живот е многу важен за нејзиниот изглед.
-Ми се допаѓа како изгледам на 73 години. Сакам да кажам дека на овие години не треба да се откажете од секс. Јас и мојот сопруг обично водиме љубов два пати на ден – се пофали згодната глумица чиј сопруг е 83-годишниот Алан Хамел.