МВР потврди за а1он дека вооружениот инцидент на Матка денеска попладне околу 15 часот го предизвикал Мерван Сулејмани, внук на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
А1он денеска објави видео од инцидентот, доставено до нивната редакција од сведок на овој настан.
Дивите платформи на Матка се под директна заштита на градоначалникот на Сарај, општина надлежна за овој реон.
Инаку, денеска нешто пред 15 часот настанал конфликт помеѓу десетина лица на Кањон Матка, за што се огласија и од МВР. Според информациите од терен, најпрво настанала тепачка, а потоа имало и пукотници од огнено оружје.
Групата што нападнала се дала во бегство, а кога полицијата стигнала на местото на настанот биле останати само нападнатите.
Од МВР се уште не потврдуваат дали напаѓачите се приведени.
Причината за целиот хаос е кој прв да влегува со чамците во во правец према Пештерата.