Новата конструкција на Универзалната сала остана нечепната по пожарот кој ја зафати утрово, што е потврда дека проектот за реконструкција е целосно безбеден.
Изгоре дел од старата конструкција и внатрешност која секако е дел од проектот за реконструкција. Имено, за реконструкција на салата е вграден челик кој е противпожарен и може да издржи температура од 1.600 степени.
На крајот на минатиот месец, беше поставена нова купола на Универзалната сала, со започнувањето на реконструирањето на објектот, од страна на Министерството за култура кое ја презема од Град Скопје.
Претходно, градоначалничката Данела Арсовска ги стопираше градежните работи, кои беа почнати додека градоначалник беше Петре Шилегов.