Од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на разглас се пушта грчка и бугарска музика, сподели на својот Фејсбук профил заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.
“Од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на (раз)глас се пушта грчка и бугарска музика…
Добро, ќе им објасни ли некој дека со ваквото инфантилно однесување дополнително се компромитираат?
Партија која сака да ја врати изгубената доверба кај граѓаните и која сака да дојде на власт, треба да остави впечаток дека има концепт, платформа и понуда, и сето тоа да го пренесе преку зрело и државничко однесување. Вака, само ни поврдуваат дека млад може да се биде само еднаш, а незрел- секогаш! “-пишува Жерновски на својот Фејсбук профил и постира две видеа.
Posted by Andrej Zernovski on Monday, March 9, 2020
Posted by Andrej Zernovski on Monday, March 9, 2020