“Има влошување на состојбата на родилката од Куманово“ , рече министерот Венко Филипче.
“Пациентката може да дише независно од машина, но нејзината клиничка слика и рентгенолошки наод се полоши од претходните денови“ објасни Филипче.
Од петмината починати во изминативе 24 часа, четворица починале на Инфективната клиника во Скопје и еден во Куманово.
Се дијагностицирани 29 пациенти, а вкупната бројка на заболени е 599.
Во болницата „8 септември“ има вкупно 19 хоспитализирани, од кои 9 се со потешка клиничка слика.