Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, потврдуваат од МВР за Фокус.
Кко што објави Фокус, Спасовски од вчера е на инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна, велат од МВР.Спасовски пред три дена објави дека е позитивен на корона вирус и дека има благи симптоми, поради што беше во домашна изолација сѐ досега.