Доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, за „Слободен печат“ вели дека не е добро да се комбинираат вакцините, односно да се прима трета доза од вакцината Фајзер доколку претходно се примени две дози вакцина од друг производител.
Докторот за „Слободен печат“ нагласил дека испитувањата на вакцината Фајзер се правени само во Америка и дека таму ги нема вакцините на Спутник, Синовак и Синофарм што значи дека не е познато како ќе реагираат граѓаните доколку примат таква комбинација на вакцини.
„Мојот став е дека доколку се аплицира трета доза вакцина, таа треба да биде соодветна на првите две примени вакцини. Не можам да го коментирам ставот на Министерството за здравство да ги комбинира вакцините, односно да ревакцинира со „Фајзер“ граѓани кои претходно примиле вакцина од друг производител.
Но, морам да напоменам, за да знаат граѓаните дека компанијата „Фајзер“ има податоци само за пациенти од американско подрачје, каде што ги нема вакцините што ги има кај нас, затоа и сметам дека влегуваме на непознат терен, со комбинација со вакцини од различни производители. На пример, во Америка, вакцинираните со „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“, не ги ревакцинираат со „Фајзер““, објаснил д-р Мехмедовиќ.
Извор: „Слободен печат“
Comments are closed.