Маж од Суботица (43) е првиот случај на заболен одкорона вирус во Србија.Лицето заразено со корона, неодамна пристигнало од Унгарија. Мажот има температура 37,4 и се чувствува добро. Сместен е во изолација.
Тој пријавил симптоми слични на Ковид-19 по што му се земени примероци и нивната обработка во лабораторијата на Институтот „Торлак“ покажала дека пациентот е позитивен на новиот коронавирус, објави „Новости“.
Оваа информација ја потврди и министерот за здравје, Златибор Лончар на вонредна конференција за медиумите.