Најголемата гордост на Влатко Стефановски се неговите деца, Јан и Ана. Гитарскиот виртуоз објави фотографија со децата преку кој и го честита роденденот на Ана која денеска наполни 31-на година.
-Среќен роденден драга Ана, – напиша Влатко на фотката со неговите деца. сликани на Водно.
Инаку, ќерката Ана на Универзитетот во Падова заврши докторски студии по италијански јазик и книжевност.
Што се однесува до Јан, тој од татко си ја наследи љубовта кон музиката и веќе некое време свири тапани како дел од „Влатко Стефановски трио.“ Јан оваа години беше и матурант во гимназијата “Нова“.