Влатко Стефановски не ја откажа својата турнеја низ Австралија и покрај смртта на неговиот брат, познатиот драматург Горан Стефановски. Тој почина во вторникот во Лондон.
„За прв пат сме во Австралија по долго убедување. Морам да ви кажам дека првите импресии се за Мелбурн се одлични. Уживајте во шоуто“, рече Влатко на публиката на видеата што ги објавија Македонците кои живеат во Мелбурн.
За една година, познатиот музичар загуби два члена од своето семејство. Лани му почина сопругата Гордана, а оваа година брат му. Стефановски за тешките моменти ретко зборува во јавноста.
„ И во најтешкиот момент од неговиот живот се покажа до крај како голем професионалец. Многу спомени и сеќавања, незаборавно“, се зборовите на Дона Димовски- Кантаровски, уметнички директор на Македонскиот театар во Мелбурн за концертот.