Музичкиот виртуоз Влатко Стефановски во емисијата “Ексклузив“ на 1ТВ, одговараше и на приватни прашања. Тој како самохран татко зборуваше за односот со неговиот син Јан, потоа како се снаоѓа во кујната, и за предизвиците во животот. Влатко меѓу другото откри дека знае да приготви многу јадења, како грав, леќа, мусака… и се што е со лажица.
Инаку, пред два месеци Влатко Стефановски на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е облечен со престилка на која е извезено:
“ Влатко крал на кујната“.