Хрватската поп ѕвезда, легендарниот пејач на некогашната многу популарна група „Сребрена крила“, Владо Калембер (60) тогаш, а и сега во позрели години важи за голем шармер и кршач на женски срца. Сепак, тој многу ретко зборува за својот приватен живот. Тој десет години беше во брак со 30 години помладата виолончелистка Ана Руцнер со која имаат син. Иако се разведени Влада тврди дека Ана и натаму е негова голема љубов.
Инаку, многу се шпекулирало дека една од главните причини за разводот била големата разлика во години, и наводно, љувоната афера што Ана ја имала со Нико Булиќ, претседателот на Хрватската туристичка заедница.
– Веќе две години слушам дека Нико ми е љубовник. Кога прв пат слушнав, веднаш му кажав на Владо што се случува а тој ми рече: ‘ А што очекуваше? Тој е маж, а ти си млада жена“ – изјавила во една прилика Ана Руцнер.
Интересно е што Владо Калембер на Инстаграм следи само пет личности меѓу кои се екс сопругата Ана и нејзината мајка. Последната негова објава е портретот со бившата сопруга и синот.
Ана вели дека таа и Владо сеуште се во брак – пред Бога.
– На љубовен план немам никој бидејќи тоа не е можно поради тоа што јас и Владо и натаму сме во црковен брак.
Владо Калембер беше добар пријател и со Тоше Проески, и има фотографија со него на неговиот Инстаграм профил.
“ Додека не го запознав мислев дека ангелите постојат само во бајките и приказните. Навистина беше посебен дечко“, напиша Владо.