На интернет кружи снимка од пејачот Владо Георгиев, кој, според публиката на концертот, задоцнил речиси два часа да се качи на сцената, а потоа едвај успеал да одржи рамнотежа и да ги испее своите песни.
Георгиев наводно доцнел речиси два часа на сопствениот концерт, а кога конечно се појавил на сцената – публиката добила негативно изненадување.
Пејачот, како што може да се види на видеото, не може да одржува рамнотежа, се тетерави лево-десно, се обидува да отпее стих од неговите песни, а потоа почнува да се качува по скалите на бината пред да се сопне и за малку да падне.
Bauljam i ćarlijam pic.twitter.com/alWnwh3RLi
— Radosav Vrbica (@RadosaWrbica) July 28, 2024
Луѓе на интернет го споделуваат виралното видео и го задеваат пејачот за неговите теории на заговор кои претходно ги изнесе, а кои се однесуваат на тоа дека Земјата е рамна плоча и низ смеа пишуваат – „Ако Земјата беше тркалезна, тогаш сигурно би паднал на подот“.
Има и такви на кои снимката не им се допаѓа и велат дека состојбата во која пејачот излегол на сцена била „тажна“.